Принцот Чарлс и ја признал на Лејди Ди шокантната вистина, но само ден пред венчавката кога веќе било доцна..

11 ноември, 2020
download (1)


И по 23 години од нејзината смрт, името на принцезата Дијана сè уште не избледува и има неколку причини зошто е тоа така. Додека нејзиното бомбастично „Панорама интервју“ за БиБиСи слави 25-годишен јубилеј, се појавија нови обвинувања за односот на принцезата со нејзиниот поранешен сопруг принцот Чарлс, кои повторно ги шокираа многубројните обожаватели на кралството.

Сега, според „Дејли меил“, дознаваме дека Чарлс и ’рекол на Дијана еден ден пред венчавката дека не ја сака, и ова оди само во прилог на познатата реченица на Дијана дека на денот на венчавката со Чарлс се чувствувала како јагне што го водат на колење. Дејли Меил ги тврди овие случувања во најновиот документарец наречен „Дијана Интервју: Одмазда на принцезата“ во кој се откриваат овие шокантни наводи, а астрологот на Дијана Пени Торнтон тврди во овој документарец дека и самата Дијана и рекла за признанието на Чарлс еден ден пред нивната венчавка. „Една од најшокантните работи што ми ги кажа Дајана е дека ноќта пред венчавката Чарлс и рече дека не ја сака… Мислам дека Чарлс не сакаше да се ожени со лажната претпоставка дека ја сака“, рече Торнтон.

Таа продолжи да раскажува дека со оваа исповед Чарлс тивко се надевал дека Дијана ќе се откаже од венчавката, но за тоа беше малку доцна. Документарецот дискутираше и за тоа какоа Дијана се разболе поради односот на Чарлс со Камила Паркер-Боулс во неколку наврати и порано беше многу лута. Најлошо од сè, според Џејмс Колтурст, пријателот на Лејди Ди, Дијана била добро свесна дека целото кралско семејство помага во односите меѓу Чарлс и Камила и дека тие целосно ги поддржуваат.