ШОК: Принцот Чарлс откри дека Хари дека не е негов биолошки син

12 јуни, 2020
дсдфс

Иако веќе извесно време кружат гласини во странските медиуми дека 35-годишниот британски принц Хари не е син на 71-годишниот принц Чарлс, магазинот „Глобус“ сега отиде чекор подалеку тврдејќи дека токму Чарлс решил да му каже на Хари дека не е негов биолошки син.

Според медиумите, причина за таквата постапка на Чарлс била сопругата на Хари, 38-годишната Меган Маркл, кој според изворите, го полудила 71-годишниот принц со нејзините постојани поплаки што на крајот го принудиле да го покани Хари на разговор. За време на разговорот, дуото се расправало, а среде дискусијата, Чарлс му открил на 35-годишниот принц дека воопшто не е негов син.

Исто така, според „Глобус“, британскиот наследник на престолот тогаш му рекол на Хари дека врската меѓу него и починатата принцеза Дајана се разладила веднаш по раѓањето на 37-годишниот принц Вилијам и дека Дајана била неверна. Чарлс исто така рече дека секогаш знаел дека Хари не е неговиот биолошки син, но дека не го открил истото во јавноста затоа што не сака тој да ги изгуби сите привилегии што му припаѓаат заради неговото кралско потекло, објаснил изворот за таблоидот, додавајќи дека 71-годишниот принц не сакаше да му открие на Хари кој е неговиот вистински татко.

Иако нема официјална потврда за овие тврдења, Глобус уште еднаш спомна дека таткото на принцот Хари би можел да биде 62-годишен поранешен британски офицер, Џејмс Хјуит, кој имал афера со принцезата Дајана за време на бракот со принцот Чарлс, и исто така, споделува карактеристична портокалова боја на коса со 35-годишниот принц. .