Принцот Хари депортиран од Америка?

28 август, 2020
harry

Oва беше неочекувано

Принцот Хари помисли дека ќе има мир откако се пресели во Америка со Меган Маркл и му го сврти грбот на кралското семејство, но се чини дека тој е излажал. Списанието Women’s Day пишува дека на принцот му се заканува депортација од Америка, по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп. Имено, добро информиран извор од Белата куќа откри дека Трамп наредил да се провери правниот статус на 35-годишниот принц како имигрант од Велика Британија, и дека претседателот би бил „најсреќен“ доколку Хари и Меган ги напуштат САД затоа што тој ги мрази имигрантите. Покрај тоа, Хари и Меган се критични за политиките на претседателот со нивните јавни настапи и говори.

Donald Trump Jr

Трамп, наводно, започна истрага за Хари откако Меган и тој неодамна купија куќа во Санта Барбара, вредна повеќе од 11 милиони долари, што ќе биде нивниот нов дом. Од друга страна, порталот Gossip сор тврди дека шансите Хари да биде депортиран се скоро нула. Тој е, пишуваат тие, милионер и високо рангирана јавна личност, кој е легално оженет со Меган, има американско државјанство, и затоа нема правна основа за негово протерување од САД.

Исто така, самиот претседател Трамп никогаш не изјавил дека сака да ги депортира поранешните војводи од Сасекс, иако тој им го одбил плаќањето на безбедносните служби од страна на државатана, велејќи дека по нивното пристигнување во САД мора да обезбедат своја безбедносна служба.

meghan markle i princ harry

Потсетуваме, пред неколку дена исто така „експлодираа“ вести што ги рашири магазинот New Idea, а који, се чини, немаат никакво покритие во реалноста. Меган, 38, била наводно уапсена во Калифорнија за учество во протестите во движењето ‘Back Lives Matter’. Подоцна беше откриено дека Меган само изјавила дека е „подготвена да оди во затвор“ за овие протести, но дека нејзиното вистинско апсење никогаш не се случило.

escort - Korsan taksi