Принцот Хари го „заменија“ со продавачот на новогодишни елки: Еве како реагираа тој и Меган

6 декември, 2020
Megan-i-Hari

Додека купувале новогодишна елка, на Хари и Меган Маркл им пришло момче кое не ги препознало и го замениле принцот со продавач.

Иако беа еден од најпознатите парови во светот, принцот Хари и Меган Маркл запознаа некој што не ги препозна.

Имено, додека купувале новогодишна елка, момче му пришло на Хари во продавницата и го заменило со продавач, пренесува Daily Mail. Смешната размена се случи во вторникот минатата недела во калифорнискиот град Монтесито каде Хари и Меган се преселија во март оваа година, откако го напуштија кралскиот живот.

Славната двојка побара да се испразни продавницата пред да пристигнат, но кога влегоа внатре имаше друго семејство, откри вработениот во продавницата Џејмс Алмагер на Твитер каде ја опиша и средбата на Хари со збунетото момче.


„Имаше уште едно семејство во продавницата и нивниот пргав малечок син истрча низ дрвјата до Хари и го праша дали работи тука“, напишал продавачот, а потоа ја пофалил реакцијата на кралскиот пар.

“Искрено, тие изгледаа како многу пријатни луѓе. Меган беше многу љубезна, а Хари звучеше и се однесуваше како опуштено момче”, напиша продавачот на Твитер.

escort - Korsan taksi