Принцот Хари и Меган Маркл, Џенифер Лопез, Џони Деп…Составена листата на најомразените славни имиња!

20 ноември, 2020
se-za-ljubovta-na-princot-hari-i-megan-markl-293839

Иако јавноста сака да чита за нив, принцот Хари, Меган Маркл, Елен Деџенерис, Џони Деп, Амбер Херд, Џенифер Лопез, Алекс Родригез и Анџелина Џоли се едни од најомразените sвезди во Холивуд од различни причини, пренесува entertaintimes.com.

Според Глоуб, војводата и војвотката од Сасекс се готови, а Меган е разгалена дива. Покрај тоа, се смета дека принцот Чарлс го финансира нивниот раскошен начин на живот откако го напуштија британското кралско семејство. Принцот Хари и Маркл конечно докажаа дека имаат капацитет да купат вила вредна 14 милиони долари во Санта Барбара и дека имаат удобен живот, а сепак се жалат на своите тешкотии и предизвици. Од друга страна, водителката на популарното шоу „Елен“, Елен Деџенерис, иако е лезбејка и се залага и за други човекови права, наводно е силеџија и расист. Значи, таа е обвинета за заплашување на нејзините работници зад сцената на нејзиното ток-шоу, кое очигледно само навидум испушта хумор и позитивна енергија.

Во меѓувреме, Деп беше наречен чудовиште од судијата Ендру Никол, откако донесе пресуда за случајот во кој актерот го тужеше „Сан“ за клевета, откако беше наречен насилник што тепа жени. Но, sвездата на Пиратите од Карибите сè уште има смелост да ја нарече бившата сопруга Амбер Херд лажливец и повторно да го тужи „Сан“, и покрај сите докази кои сугерираат дека Амбер навистина била жртва на семејно насилство. За жал, ова создава негативен публицитет и за неа, па така таа беше мета на критичарите и не е помалку омразена меѓу публиката од Деп.

Лопез и Родригез, како и Меган и Хари, беа обвинети за алчност, откако се обидоа да го купат Њујорк Метс. Сепак, нивните обиди не успеаја, а нивните критичари наводно не можеа да бидат посреќни.

escort - Korsan taksi