Принцот Хари и Меган Маркл изгубија повеќе од 200.000 следбеници на Инстаграм, а еве и која е причината

2 јуни, 20200
fkokf

Со самото откажување од кралските должности, тие изгубије повеќе од 200.000 следбеници на својот службен Инстаграм профил.

Поточно, следбениците ги изгубија во главно поради неактивност, затоа што со самото откажување од кралските должности, повеќе не можат да го користат профилот.

На крајот од месец март, службениот профил на Вилијам и Кејт собра 11, 4 милиони следбеници и со 100.000 следбеници повеќе, ја надмина бројката која ја броеше профилот на Хари и Меган.

Бројот на следбеници на службениот профил на Хари и Меган, во меѓувреме, падна на 11, 1 милион.

Хари и Меган се повлекоа од центарот на вниманието и започнаа да градат приватен живот. Тие со синчето Арчи живеат во Холивуд и се занимаваат со хуманитарни дела.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *