Принцот Хари и Меган примија голем удар

20 јуни, 20200
Annotation 2020-06-19 204742

Што ќе прават сега?

Откако 35-годишниот Хари и три години постарата сопруга Меган Маркл кон крајот на минатата година одлучија да излезат од кралското семејство и сами да заработуваат за својот леб, нивниот пат кон финансиска независност беше се само не легален, пишува The Sun. Иако се смирија во Лос Анџелес, Меган сеуште не доби улоги во високобуџетните холивудски филмови на кои се надеваше, а во тоа и попречи и пандемијата која ја парализираше филмската индустрија. Но најголемиот финансиски удар бившите војводи од Сасекс го примија токму сега, и тоа во ‘срцето’ на фондацијата која го носи името на нивниот едногодишен син Арчи.

Princ Harry Meghan Markle

Хари и Меган вложуваа голема надеж во новата добротворна фондација ‘Арчвел’ која имаа намери да ја основаат, а преку која би добивале значителни даночни олеснувања. Затоа побрзаа и веќе во почетокот на март, пред да се преселат во Калифорнија преку интернет ја предадоа пријавницата за основање на фондацијата во државната канцеларија за основање на фирми, но сега им стигна одбивање. Споменатиот магазин дојде до документот во кој се објаснува зошто нивното барање не е прифатено.

Главната причина е тоа што Меган и Хари предале непотполна документација и непотпишани завршни документи, а не платиле ни одредени даноци кои во такви случаи уредно треба да се платат. Освен тоа, вработениот кој е задолжен за проверка на  исправноста на целиот проект ја оцени Арчвел како нејасно објаснета фондација.

Meghan Markle

Според неговата проценка, бившиот кралски пар не го осмислил до крај својот концепт во кој имаат намера да собираат средства за разни здруженија, да им помагаат на младите и немоќните. Хари и Меган тоа донекаде го објаснија во своето последно обраќање на јавноста преку социјалните мрежи, кога рекоа дека своите напори ги насочиле кон пандемијата на корона вирусот, но и дека се чувствуваат ‘приморани’ да ги откријат деталите за својот деловен потфат.  

‘Како и кај повеќето, нашиот фокус моментално е на пружањето поддршка во борбата против глобалната пандемија на  Covid-19, но соочени со сознанијата дека овие информации излегле на виделина, се чувствувавме обврзано да ги споделиме деталите за тоа како дошло до идејата за Арчвел. Пред Сасекс Ројал се појави идејата за Арчи – што е грчки збор кој значи извор на акцијата’, напишаа.   

Meghan Markle

Уште со надеж додадоа: ‘Се поврзавме со овој концепт за добротворна организација која се надевавме дека еден ден ќе ја реализираме и тоа стана инспирација за името на нашиот син. Да се направи нешто смислено, да се направи нешто важно. Арчвел е име кое ги комбинира древниот збор за сила и делување и уште еден збор кој буди длабоки ресурси кои сите мораме да ги искористиме. Се радуваме на отварањето на Арчвел кога ќе дојде време’.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *