Принцот Хари имал таен живот кој нема врска со Меган и Арчи

2 јуни, 2020
101541767_2620143304869593_718963455037538304_n

Додека два месеца постојано се зборува за новиот живот на принцот Хари, Меган Меркел и нивниот едногодишен син Арчи, медиумите ископаа информации кои со брзина на светлоста го обиколија светот. Имено, откриено е дека принцот води таен живот кој нема допирни точки со неговиот живот во Лос Ангелес. Како што пишуваат медиумите пронајден е негов фејсбук профил на кој се претставува со лажно име и на кој ги чува фотографиите со неговата бивша девојка Челси Дејви.

Како што е познато членовите на кралското семејство мораат да ја чуваат приватноста на максимално ниво.Токму поради тоа имаат само службени профили преку кој комуницираат со јавноста.Се чини дека на принцот Хари тоа не му се допаднало па се решил да направи лажен профил. Името со кое се претставува е Спајк Велс и има 400 пријатели од кои некои се познати британски личности.

Многумина ова име го поврзаа со неговиот надимак Спајк, кој му го дадоа пријателите и семејството уште во младоста. Профилот повеќе не е активен, но бил активен последните 4 години.Се чини дека му недостасувал нормалниот живот надвор од протоколот кога имал љубовна врска со Челси Дејви со која зачувал голем број фотографии на профилот.

Инаку Хари и Челси ја прекина врската 2009 година. Кога неодамна ја запрашаа што мисли за нејзиниот поранешен партнер и Меган беше многу кратка: “Навистина не сакам да ја коментирам нивната ситуација. Јас сум многу среќна и тоа ми е најбитно. Возбудена сум за се што ме чека и конечно можам да кажам дека е се како што треба да биде. “