Принцот Вилијам за малку ќе завршел на состанок со пејачката, којашто некогаш беше главна атракција, а таа ни сподели ситни детали во врска со тоа

30 мај, 2020
2967411_011918-ap-prince-william-hair-split-img

Пред повеќе од 20 години кружеа гласини дека Принцот Вилијам и пејачката Бритни Спирс се во врска. Иако, се остана на “трач – муабет”, изгледа дека медиумите не биле далеку од вистината.

Во едно интервју од 2002ра година, Бритни споделила дека одредено време се допишувале преку e-mail. – Одлучивме да се состанеме и тој требаше да дојде, но тоа никогаш не се случи. Едноставно, не ни успеа. 

Бритни признава дека тој ја “извисил” на вечерата, којашто всушност требала да биде состанок.

Кога сфатила дека со Принцот очигледно нема ништо да се случи, Бритни набрзо потоа завршила во прегратките на Џастин Тимберлејк. Додава дека никогаш не и било јасно зошто Вилијам не се појавил, но со оглед на тоа дека е премногу зафатен, не и било чудно.

Принцот Вилијам на крајот заврши во брак со Кејт Мидлтон, со којашто има три деца.