Приведен омилениот лик од серијата „Пријатели“: Нѐ пресретна полицијата и ни стави „лисици“

2 јуни, 20200
фгхј

Младиот актер Кол Спраус, кој во јавноста е позната по улогата на синот на Рос, Бен во популарната серија „Пријатели“, беше уапсен за време на демонстрациите во Санта Моника во неделата.

27-годишникот беше дел од групата демонстранти кои се собраа како поддршка на протестот со транспаренти со ликот на Џорџ Флојд и викаа: „Не можам да дишам“.

„Група мирни демонстранти, меѓу кои и јас, беше приведена. Пред медиумите да ја претворат во сензационалистичка вест за мене, постои јасна потреба да се зборува за околностите: афроамериканските животи се важни. Бев уапсен додека покажував солидарност, како и многу други во Санта Моника. Ни дадоа можност да заминеме и нè предупредија дека ќе бидеме уапсени ако не го сториме тоа. Некои се обидоа да заминат, но бевме пресретнати од други полицајци кои нè спречуваа да заминеме и ни ставија лисици. Морам да го истакнам ова како хетеросексуалец бел човек и јавна личност, последиците од апсењето за мене нема да бидат ништо во споредба со многумина кои учествуваат во движењето. Ова нема никаква врска со мене. Ова е време кога ги поддржуваме другите, кога ситуацијата ескалира, ние им даваме поддршка и ја правиме вистинската работа. Ова е време да се преиспита што значи да се биде сојузник за некого. Се надевам дека и другите што се на мое место ќе го сторат истото“ – напиша младиот актер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi