Прочитајте го љубовото писмо на Наполеон до Жозефина од 1795 година

26 април, 20200
Capture

Наполеон Бонапарта до Жозефина
Париз, Декември 1795
Се будам исполнет со мисли за тебе. Твојот портрет и опојната вечер што ја поминавме сношти ми ги оставија сетилата во превривање. Слатка, неспоредлива Жозефина, колку чуден ефект имаш врз моето срце! Лута си? Дали те гледам да изгледаш натажено? Загрижена си?…Душата ме боли од тага и твојот љубовник нема спокојство; но, сепак, чуваш ли уште за мене кога, предавајќи се на силните чувства што ме совладуваат, влечам од твоите усни, од твоето срце, љубов што ме проголта со оган? Ах! Токму синоќа целосно сфатив колку лажна слика за тебе дава твојот портрет!
Ти заминуваш напладне; ќе те видам за три часа.
Дотогаш, мио долче амор, илјада бакнежи; но, за возврат не праќај ми ниту еден, оти тие ми ја горат душата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *