Продолжува снимањето на Бетмен – направени се нови стратегии и протоколи

3 јуни, 20200
79167435_351546542473513_6932435003699625984_n

Короната е дефинитивно победена, овојпат ја докрајчи Бетмен. (Добро, малку и Роберт Патисон)

Одговорните лица во Британија објавија – продолжува снимањето на новиот филм за суперхеројот. Направени се нови стратегии и протоколи под кои ќе биде дозволено снимање на нови филмови, па така освен “Бетмен” зелено светло е дадено и за продолжување на работата на новото продолжение на “Фантастични зверови”.

Засега сеуште нема информација за промена на датумот на премиерите на овие филмови. Првобитно беше предвидено премиерата на “Бетмен” да ја видиме во  октомври идната година а “Фантастични зверови” месец дена подоцна.

За време на карантинските правила во прекин беше и работата на успешните ТВ серии  “На должност” и “Бирмингемската банда”. Сега се очекува филмаџиите да продолжат со полна пареа онаму каде што застанаа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi