Продорнo сини очи и бронзен тен: Фотографите полудеа по племето од Индонезија

18 октомври, 2020
pleme-plave-oci

Индонезиско племе од островот Батон стана хит на социјалните мрежи и во фотографските кругови. Главните причини за оваа непосредна популарност се нивните електрично сини очи и бронзениот тен.

Островот Батон е 19-тиот најголем остров во Индонезија, во југоисточниот регион Сулавеси, а вистинска атракција се староседелците од племето Батон, кои се поделени на неколку помали. Некои од нив имаат Варденбург синдром, што влијае на нивната пигментација, поради што имаат невообичаено сини очи.

Овој феномен е вистинска реткост во Индонезија, бидејќи жителите таму претежно имаат темна коса и темни очи, а тие често се раѓаат со различни бои на очите. Тоа е наследна генетска мутација за која се проценува дека има еден од 42.000 луѓе во некоја форма.

Сепак, овој синдром може да доведе и до губење на слухот.

Членовите на племето Батон беа фотографирани за време на неодамнешната посета на островот од страна на Корчној Пасарибу, геолог од Џакарта. 38-годишниот фотограф го документира животот во рурална Индонезија од септември 2019 година, со посебен фокус на бројни племиња и културно наследство.

Пасарибу изјавува дека фотографијата е негово хоби и дека тој всушност работи како геолог во рудник за никел.

„Сините очи се уникатни и убави и тие се моја инспирација. „Сината е мојата омилена боја на очи“, рече тој.

Индонезија е огромен архипелаг со над 350 дијалекти и субкултури. Островот Батон, со големина од околу 2.700 квадратни километри, е еден од поголемите индонезиски острови. Островот е дом на нешто помалку од 450.000 луѓе, повеќето од нив во мали, изолирани племиња.

escort - Korsan taksi