Проклетство на семејството Гинис: Младата наследничка (19) почина по несреќа на базен…

15 ноември, 2020
35654446-8947543-image-a-52-1605300307066_I9WB5bK

Полицијата спроведе истрага, но никој не видел што се случило со Онор или знае како таа останала на дното на базенот. Една теорија е дека таа се лизнала на влажна површина и ја удрила главата

Наследничката на Гинис, Онор Улот почина, пренесува Daily Mail. Таа имаше само 19 години. Беше пронајдена во бесознание на дното на базенот за време на семејниот ручек во јули. Но, дури сега медицинскиот судија потврди дека станува збор за трагична несреќа.

Во базенот ја забележал нејзиниот 15-годишен брат Руфус. Тој нуркал за да ѝ помогне и ја извлекол, но лекарите не успеале да ја спасат и таа починала во болницата. Уништеното семејство ѝ оддало почит и открило дека ќе ги даруваат нејзини органи затоа што таа тоа го сакала.

„Таа секогаш јасно даваше до знаење дека ако ѝ се случи нешто, би сакала нејзините органи да бидат донирани на оние кои имаат потреба“, рече семејството, а потоа додаде:

– Изгубивме ќерка и сестра која внесуваше светлина и радост во нашите животи. Таа беше толку забавна и полна со добрина. Ја имаше таа способност да ги зближи луѓето и да ги направи да се чувствуваат добро.

Полицијата спроведе истрага, но никој не видел што се случило со Онор или знае како таа останала на дното на базенот. Една теорија е дека таа се лизнала на влажна површина и ја удрила главата. Патем, нејзините родители се Руперт Улот (56) и Лејди Луис Џејн Гинис (53), ќерка на Бенџамин Гинис, кој беше 3-ти гроф на Ивеа.

Династијата Гинис претрпе низа трагедии. Артур Гинис, кој ја започна пиварницата во 1759 година и стана најбогатиот човек во Ирска, имаше 21 дете, но изгуби десет од нив пред неговата смрт. Многу од неговите внуци станале алкохоличари, починале во сиромаштија или завршиле во ментални институции.

escort - Korsan taksi