Протекоа детали за луксузната венчавка: Бруклин Бекам ги избра своите браќа за кумови, а венчаницата на Николи ќе ја дизајнира идната свекрва

10 октомври, 2020
1322433

Свадбата на младата двојка, која се венчаше во јули по кратка врска, треба да се одржи следното лето на две локации – во Америка и Велика Британија, така што сите што сакаат ќе можат да присуствуваат на нивниот најголем ден, а сега се дознаа и некои детали

Според британските медиуми, Бруклин Бекам ги избра своите браќа, 18-годишниот Ромео и 15-годишниот Круз, за ​​свои кумови на венчавката, додека деветгодишната Харпер ќе биде главна деверуша. Неговата мајка, познатата дизајнерка Викторија Бекам, се погрижи да остане сè во семејството, создавајќи венчаница од соништата за нејзината идна снаа.

Венчавката ќе се одржи на два дела – едниот ќе се одржи во Флорида, а другиот на имотот на Бекамови во британскиот Котсволдс. Дејвид Бекам ќе биде одговорен да направи сè да помине совршено на свадбата, како и за говорот за добредојде.

„Бруклин е исклучително поврзан со семејството и сите се исклучително блиски. Тие се браќа, но и најдобри пријатели. Иако многумина сметаа дека ќе го избере својот татко за кум на нивната венчавка, за него не постоеше друг избор освен браќата“, открил изворот.

Венчаницата, дизајнирана од Викторија Бекам, наводно ќе биде со едноставен дизајн, а се шпекулира дека идната невеста размислува и за одело за венчавката. Ова е голема задача за Викторија, иако таа веќе дизајнираше венчаница за нејзината пријателка Ева Лонгорија, како и фустан за Меган Маркл, во кој се појави на Божиќ.

Списокот на познати гости е долг, така што тука ќе бидат тројца поранешни пејачки на Спајс Грлс – Ема Бантон, Мелани Чишолм и Гери Хорнер – како и блискиот пријател на Бекам Дејв Гарнер со неговата сопруга, актерката Лив Тајлер. Секако, на свадбата ќе дојде и кумот на Бруклин, Сер Елтон Џон, кој најверојатно ќе отсвири нешто за младенците, а се очекува и Ева Лонгорија, како и многу други познати лица.

View this post on Instagram

learning from the queen herself 💜

A post shared by nicola (@nicolaannepeltz) on

escort - Korsan taksi