ПРВА КАВГА: Кети Холмс и новото момче во големи проблеми поради нејзината линија

21 декември, 2020
profimedia-0567246117

„Емилио полуде“

Откако е видена на крајот на летото со нејзиното ново момче, осум години помладиот италијански готвач Емилио Витоло, 41-годишната актерка Кети Холмс не престанува да ги пополнува кориците на разни медиуми со детали за новата врска. По гласините дека нејзиниот татко не ја одобрува таа врска и дека парот наскоро ќе добие бебе, таблоидите неодамна објавија дека актерката драстично ослабна, бидејќи упорно јаде храна подготвена од нејзиното младо момче. Сепак New Idea сега пишува дека токму гладта на Кети довела до проблеми во врската, па дури и до првата голема кавга.

Имено, пишува споменатиот таблоид, Емилио „полудува“ од почетокот на врската со актерката затоа што таа ги одбива деликатесите што ѝ ги подготвува. „Претерала со својата растителна исхрана и без јаглени хидрати. Фрустрираниот Емилио полуде“, откри извор наводно близок до оваа славна двојка.

„Капката што ја прелеа чашата“ се случи кога Кети, од страв да не се здебели, го одби неговиот италијански сос. „Тој помина три часа подготвувајќи го тој сос, а таа дури и не сакаше да го проба, и покрај тоа што ја молеше. Уште кога почнаа да „одат“, Кети изгуби скоро три килограми, без оглед колку и да се труди и постојано готви. Тоа е единственото нешто за кое се расправаат“, додава истиот извор. „Кога првпат се сретнаа, барем таа јадеше малку, но сега кога се приближија, таа престана да се преправа дека не внимава на линијата“, открива инсајдерот.

Патем, иако нема конкретни докази за овие тврдења, особено што актерката може да се види во последните месеци како носи само широка облека и дебели палта што ја кријат нејзината линија, вреди да се спомене дека ова не е прв пат да се пишува за слабеењето на Кети поради љубов. Пред две години, истите медиуми објавија дека актерката гладува со цел да го задржи своето тогашно момче Џејми Фокс со нејзиното изгладнување.

escort - Korsan taksi