Првите фотографии од Џиџи Хадид со бебето: Манекенката ја донесе линијата до совршенство за два месец!

27 ноември, 2020
џиџи

Американската манекенка Џиџи Хадид (25) роди девојче во септември оваа година, а сега ги објави првите фотографии со бебето на социјалната мрежа Инстаграм.

Имено, на почетокот на пандемијата на вирусот корона, убавицата остана бремена со своето долгогодишно момче Зејн Малик (27), а сега гордата мајка објави фотографии кои покажуваат дека ужива во мајчинството и е многу среќна.

Таа сега позираше со нејзината двомесечна ќерка како таа лежи на градите, а и мама и бебе беа многу стилски по тој повод.

На втората објава, таа направи селфи со девојчето, но не го откри лицето на нејзината ќерка, па собра скоро 15 милиони лајкови на обете објави, како и безброј позитивни коментари.

„Најубавата мама“, „Ти си убава“, „Едвај чекам да те видам во живо“, „Среќно за новите родители“, беа само дел од коментарите на нивните пријатели и следбеници на Инстаграм.