Прво и го украде момчето, а сега ја отследи од Инстаграм. Што се случува?

6 мај, 2020
бела

Американската манекенка Бела Хадид направила вистински хаос на Инстаграм кога повторно ја заследила, па ја отследила пејачката Селена Гомез.

Познато е дека момчето на Бела,”The Weeekend” пред неколку месеци ја оставил манекенката на некое време зарди пејачката.

Селена и пејачот биле во врска која ја раскинале во 2017 година, а тие двајцата останале во пријателски односи. Тој по неколку години ја започнал врската со Бела.

Селена дури и го искористила како инспирација во една од нејзините песни во која спомнува каква била нивната љубов.