Психолозите сметаат дека ова е многу опасно: Децата на познатите кои не го прифаќаат својот пол и имаат целосна поддршка од своите родители

2 септември, 2020
176419_profimedia0383083246_ls

Во Холивуд, се повеќе sвезди изјавуваат дека растат деца од неутрален пол.

Ќерката на Анџелина Џоли не се чувствува како девојче и сака да носи машка облека, а неодамна по породувањето, Кејт Хадсон објави дека нејзиното дете само ќе одлучи кој пол е.

Интервјуто на Синтија Никсон, која зборуваше за промена на полот на нејзиниот син, привлече големо внимание во јавноста.

Психолозите сметаат дека овој модел на воспитување е опасен за растот на детето, додека славните сметаат дека нивните деца можат сами да одлучат за тоа кој пол ќе бидат!

Подолу ви откриваме sвезди чии деца не го прифаќаат својот пол.

Анџелина Џоли

Најстарата ќерка на Анџелина Џоли и Бред Пит, Шајло, неодамна го смени своето име во Џон. Медиумите објавија дека 14-годишното девојче не го признава својот биолошки пол и дека наскоро планира да го промени. Упатените уверуваат дека Шајло е подложна на хормонска терапија од 12-та година: лековите го подготвуваат нејзиното тело за операција. Родителите ја поддржуваат оваа одлука – без нивно одобрување, терапијата не е можна. Во поголемиот дел од својот свесен живот, Шајло го негира својот пол и носи машка облека – обемни дуксери, долги маици и шорцеви – и го избегнува вниманието на новинарите. Таа сака да остане во сенката на нејзините сестри, браќа и мајка Анџелина.

Шарлиз Терон

Холивудската дива е редок пример за одговорна мајка. Таа нема асистент и станува секој ден во 5:45 часот за да подготви појадок за децата и да ги однесе на училиште. Актерката воспитува две посвоени деца – Аугуст и Џексон. Последните неколку години, Цексон носи ексклузивна облека за девојчиња: фустани од тул и здолништа во разни розови нијанси. Прво, Шарлиз не ја коментираше неговата гардероба на кој било начин, а потоа во едно од интервјуата ги нарече децата „моите две убави девојки“. Така, Терон призна дека нејзиниот син се смета за девојче и ја поддржа одлуката на своето дете.

Меган Фокс

Синот на Меган Фокс и Брајан Остин Грин, Ноа, уште од рана возраст обожаваше широки фустани. Отпрвин, родителит уверувале дека момчето само се забавува. Но, на возраст од седум години, неговата љубов кон принцезите на Дизни не згасна: тој сè уште доаѓа на училиште во фустани – еден од неговите омилени е тиркизниот фустан на принцезата Елза. Фокс и Грин се повторно едногласни: мама и тато го учат својот син да не го следи мислењето на мнозинството и да го брани неговиот идентитет.

Наоми Вотс

Најмладиот син на Наоми Вотс и Лиев Шрајбер сè уште не одлучил за пол е. 11-годишниот Самуел честопати е фотографиран од папараците во розови фустани и сандали, „женски“ маици и патики за девојчиња. Тинејџерот сака необични фризури, а понекогаш носи лесна шминка. Неговите родители и постариот брат сочувствуваат со експериментите, не вршат притисок и ветуваат дека ќе го поддржат кој било избор за неговиот пол.

Ситија Никсон

На ѕвездата од серијата „Сексот и градот“ ѝ беа потребни околу две години да разбере и прифати: нејзината најстара ќерка Саманта сега е младо момче по име Самуел. Синтија Никсон дури и посетила терапевт за поддршка. Сега Синтија, која и самата помина низ тежок период од својот живот, ја смени својата сексуална ориентација и се омажи за Кристин Маринони во 2012 година, зборува отворено за проблемите на трансродовите луѓе. И секогаш повторува колку е горда на Самуел.

escort - Korsan taksi