РАБОТЕЛА ВО КАФУЛЕ ОБЛЕЧЕНА ВО БАНАНА, БИЛА ЗЛОСТАВУВАНА, ЈАДЕЛА ВО ТОАЛЕТ: Меган Фокс имала БУРЕН ЖИВОТ, а поради ова таа сега е ГЛАВНАТА ТЕМА!

26 септември, 2020
2334677_profimedia0545353509_ls

Меган Фокс се прослави откако машкото списание ја прогласи за најсекси жена на светот во 2008 година.

Нејзините родители Глорија Дарлен и Френклин Томас Фокс се разведоа кога таа имаше три години. Во едно интервју, актерката рече дека нејзината мајка и татко биле многу строги и дека никогаш не и дозволувале да има момче или да поканува пријатели во куќата.

View this post on Instagram

super cool car photo shoot

A post shared by Megan Fox (@meganfox) on

Почнала да посетува часови за глума и танцување на 5-годишна возраст, а на десетгодишна возраст се преселила во Флорида каде завршила католичко училиште. Меган честопати била малтретирана од децата на училиште.

„Страдам од комплекс со помала вредност и постојано стравувам дека ќе ме исмеваат“, истакна актерката и призна дека е ранлива, но агресивна.

Живеела со нејзината мајка се додека не собрала доволно пари за да започне да живее сама. На 17 години се преселила во Лос Анџелес со своето момче и никогаш не сакала да го открие неговото име. Таа ја изгуби невиноста со него и во едно интервју изјави дека станува збор за вистинска љубов и необичен секс. Живееше скромно и никогаш не бараше пари од своите родители. За да ја плати киријата, таа се вработила во кафуле во кое работела облечена во банана.

„Можев да бирам помеѓу јаболко и банана, а ја избрав бананата затоа што изгледам послабо во неа“, изјави Меган, која смета дека имала нормална младост.

View this post on Instagram

Beanie season

A post shared by Megan Fox (@meganfox) on

Таа ги имаше најзабележителните улоги во филмовите „Трансформери“, „Пријатели со деца“ и „Ова е 40“. На снимањето на серијата „Надеж и вера“, таа го запозна нејзиниот сопруг Брајан Грин (44), ѕвездата на американската серија „Беверли Хилс, 90210“. Брајан ја запроси сексапилната актерка на плажа во луксузен хотел на Хаваи. Сепак, нивната среќа ја расипа загубата на дијамантски прстен некаде на плажа.

Поради несогласувања во бракот, Меган реши да поднесе барање за развод. Таа сега е во врска со помладиот рапер Мачина, Ган Кели, со кого соработуваше на еден проект, а многумина велат дека на крајот се развела од сопругот заради тоа.