Рајан Рејнолдс е најблагородниот актер во Холивуд

30 јули, 20200
Annotation 2020-07-30 220210

Холивудската sвезда Рајан Рејнолдс уште еднаш докажа дека, покрај тоа што има голем круг фанови, има и големо срце.

Имено, овој холивудски заводник пред неколку дена понуди дури 5.000 долари на лицетo кое ќе го најде мечето што има сентиментална вредност за негова сограѓанка.

Гледајќи ја веста дека на жена од Ванкувер и е украден ранец, во кој, меѓу голем број електронски уреди, се наоѓала плишано мече со снимениот глас на нејзината почината мајка, без да размисли, тој понудил парична награда на оној кој ќе го пронајде мечето.  

И беше пронајдено. Според списанието „People“, плишаното мече и припаѓа на Мери Сориано. Гласот на нејзината мајка, која не успеала да го победи ракот, секојдневно и кажува дека ја сака, дека секогаш ќе ја поддржува и ќе биде со неа засекогаш.

Не е наведено името на пронаоѓачот, односно лицето кое требало да го преземе паричниот надоместок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi