Рамо за плачење му е неговата поранешна девојка,тој и се пожалил на неа за однесувањето на новата сопруга.

30 август, 2020
justin biber

Јастин Бибер и Селена Гомез, наводно, повторно се поврзале, а славниот пејач се жали на неговата поранешна сопруга Хејли.


Пејачот Јастин Бибер, наводно е во неволја со сопругата Хејли Бибер и се пожалил на тоа ни помалку ни повеќе туку на својата поранешна Селена Гомез.

Мирор пишува дека славниот пејач ја контактирал Селена затоа што порано биле блиски и му недостасува да разговара со неа. Тие се допишуваа изминатите неколку дена, а Бибер и се пожали на Селена дека неговата сопруга е премногу опседната со религијата. Тој и самиот е религиозен, но не смета дека претерува, за разлика од Хејли.

“Селена останува далеку од Јастин, но тие неодамна почнаа повторно да зборуваат. Тој ја сака Хајли, но понекогаш се жали на нејзиното однесување и Селена мисли дека е навистина тажна”, велат извори блиски до Бибер.

Поп-sвездите имаа бурна романса што го привлече вниманието на јавноста и со години. Врската ја започнаа во 2011 година, а до 2018 година беа заедно додека дефинитивно не раскинаа. Бибер е во брак со Хејли две години.