РАСКОШ, ВРЕДЕН 36 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Погледнете во НОВАТА вила на најмладата милијардерка во светот!

3 мај, 2020
Naslovna

Во прашање е уште една луксузна вила во низата на нејзините недвижности.

Младата и успешна милијардерка Кајли Џенер инвестираше цели 36,5 милиони долари за да купи нов луксузен имот.

Во прашање е уште една во низата на бројните луксузни недвижности кои се нашле во нејзина сопственост во текот на претходните неколку години, овој пат станува збор за раскошно издание кое се шири на плац со површина од преку 8.000 метри квадратни во елитниот дел на Лос Анџелес, Холмби Хилс.

Вилата се простира на 1.500 метри квадратни и содржи вкупно 14 купатила и 7 спални соби со стаклени ѕидови и директен пристап во централниот двор, со огромен правоаголен базен, кино на отворено, спортски терен за тенис и кошарка. Освен главниот комплекс, на плацот се наоѓаат и два луксузни гостински апартмани.