РАЗГОЛЕН „ЦРВЕН ТЕПИХ“: Еве како изгледаа славните дами на доделувањето на наградите „МТV ЕМА 2020“ (ФОТО)

9 ноември, 2020
mtv

Кој би рекол…

Наградите на „MTV EMA“ неодамна беа доделени на различни локации – од Лондон до Будимпешта. Церемонијата ја водеше групата „Little Mix“, а славните гости шокираа со изданијата – од скромни, до целосно голи.

Девојките од „Little Mix“ имаа неколку стајлинзи во текот на вечерта, но оваа бела комбинација сепак привлече најголемо внимание.

Пејачката Рита Ора се одлучи за фустан во карнери и тул, а интересната креација ја заврши со панделка и црна мрежа.

Манекенката Вини Харлоу блескаше во тесен, долг фустан, а откри и како всушност изгледа црвениот тепих на настанот, кој е прилагоден на мерките на пандемијата на корона вирусот.

Медисон Бир се најде во улога на водителка, а заводливиот фустан создаден од модната куќа Вивиен Вествуд ја истакна нејзината волшебна фигура.

А на следното видео можете да видите кои беа победниците: