Реална слика за ангелот на Викторија Сикрет на 40 години: Нејзиниот задник е млитав, се шушка дека е бремена со Николас

8 декември, 2020
alesandra-ambrozio-2-830x0

Познатиот ангел на Викторија е повторно бремена?

Супермоделот Алесандра Амбросио (39) беше фотографирана со нејзиниот партнер Николас Оди на плажа во Бразил, а по тој повод го покажа своето витко тело на прагот на четириесеттите години.

Имено, Ангелот на Викторија уживаше во сончевиот ден со своето момче и синот Ноа, а тие неодамна отпатуваа на краток одмор во нејзиниот роден Бразил.

По тој повод, таа носеше светло-кафеав костим за капење, додека на вратот имаше неколку ѓердани, и очила за сонце на очите, а она што сите го забележаа е дека Алесандра изгледа прилично добро, но некои се сомневаат дека е повторно бремена.

Алесандра шеташе со малку поголем стомак од вообичаеното, бидејќи отсекогаш имала совршено рамен стомак, па фановите започнале да шушкаат дека е бремена со момчето со кое се забавува од јули 2018 година.

Покрај тоа, верни обожаватели на Ангелот на Викторија забележале дека нејзиниот задник, како што е наведено во коментарите, е млитав, но дека сепак изгледа привлечно кога ќе се појави некаде.

Пред него, таа беше верена со Џејми Мазур, со кого беше од 2005 до 2018 година и со кого има две деца – ќерката Ања (12) и синот Ноа (8).

На списокот на мажи со кои била Алесандра се наоѓаат и познатите фудбалери Кристијано Роналдо и Нејмар, возачот на Формула 1, Роберт Кубица, и наводно се обидела да го заведе пејачот Рики Мартин во 2004 година, пред да се открие дека е хомосексуалец.