Ријана, дали си тоа ти? Убавицата од Барбадос под капа и заштитна маска е речиси непрепознатлива

26 ноември, 2020
rihanna-830x0

Пејачката која е „тежка“ 600 милиони долари прошета по улиците на Лос Анџелес со капа на локалната противпожарна служба

Американската пејачка, по потекло од Барбадос, Ријана (32) беше фотографирана додека излегуваше од ресторанот „Giorgio Baldi“ во Санта Моника, а по тој повод беше скоро непрепознатлива.

Имено, пејачката носеше капа од Противпожарната служба во Лос Анџелес со кои ги криеше своите убави очи, додека остатокот од лицето го покри со заштитна маска, со цел да се заштити од корона вирусот.

Иако на почетокот никој не ја препозна, таа сигурно го привлече вниманието на папараците кои тргнаа по нејзините стапки, бидејќи одеше во црвена раскопчана маица и црвено палто, а по тој повод се гледаше нејзиниот стомак и длабокото деколте.

Ријана носеше светлосини фармерки и бели секси сандали со шпиц, а фоторепортерите ја препознаа по препознатливите тетоважи што ги има меѓу градите и стапалата.

Пејачката видливо ослабе, па нејзината фигура сега изгледа фантастично како порано, а се чини дека „изгуби“ минимум 15 килограми, кои ги доби во последните две години.

Фановите ширум Светот се воодушевени од тоа како изгледа пејачката сега и со нетрпение го чекаат нејзиниот нов музички албум.

Да потсетиме, Ријана неодамна организираше модна ревија на интернет „Savage X Fenty Show“ која се емитуваше на платформата на Амазон „Prime Video“, а благодарение на продажбата на шминка и долна облека под нејзино име, таа во моментов е „тешка“ 600 милиони долари и е на списоците на најбогатите жени во Светот.

escort - Korsan taksi