Ријана позира во секси пози во најновата долна облека на “SavageХFenty” кампањата!

3 јуни, 2020
Naslovna

Ријана ја покажа својата сензационална фигура додека се сликаше во зелената долна облека од нејзината линија “SavageXFenty” во новата кампања. 32-годишната пејачка го привлече вниманието  во комплетот од нежен градник од чипка и соодветни гаќички, што го истакнуваа нејзиниот заден дел.Таа го надополни целосниот изглед со нејзината виткана коса пуштена долж рамениците.Нејзината фотосесија имавме прилика да ја видиме откако таа гордо се пофали со успехот на нејзината линија за долна облека, признавајќи таа обично е скромна, но одбива да биде за “SavageXFenty”.

„Сакавме да ви дадеме дополнителна колекција, затоа опстанавме 2 години и вие верувавте во нашиот бренд, го ценевте она за што се залагавме, и секако го купувавте “SavageXFenty”, додаде таа.

Објавувајќи втора слика од истата серија за долна облека, таа додаде: “Облечете го овој градник..Jaс обично сум скромна, но не и за долната облека SavageXFenty”.

Неодамна беше откриено дека Ријана досега донирала 5 милиони американски долари за глобално олеснување на корона вирусот преку нејзината Фондација Клара Лионел, а исто така вети дека ќе донира уште еден милион долари заедно со Џеј Зи за да им помогне на оние во Њујорк и Лос Анџелес, два од градови во САД највеќе погодени со кризата. Рири исто така рече дека нејзините донации ќе бидат особено насочени кон жртвите од семејно насилство кои се изложени на зголемен ризик поради тоа што се дома цело време. Но, дарежливоста на убавицата не завршува тука, бидејќи нејзиниот бренд за долна облека денес престана да работи на глобално ниво за „#BlackoutTuesday“ во борбата против расната нееднаквост и неправда. Планираната иницијатива за социјални медиуми, која се појави во петокот, е да протестира против расизмот и полициското насилство во порака на солидарност како одговор на смртта на Џорџ Флојд во Минеаполис.

“Борбата против расната нееднаквост, неправда и исправниот расизам не запира со финансиските донации и зборовите за поддршка”.

Во изјавата се додава: “Во солидарност со црната заедница, нашите вработени, нашите пријатели, нашите семејства и нашите колеги низ целата индустрија, ние сме горди да учествуваме во #BlackoutTuesday.”

“Savage X Fenty нема да води никаков бизнис во вторник, 2 јуни – на глобално ниво. Ова не е слободен ден. Ова е ден  да размислите и да пронајдете начин да направите вистинска промена. Ова е ден кога се треба да прекине.”

Пораката заврши со местата каде нивните клиенти би можеле да донираат, вклучувајќи го и Black Lives Matter NY, Relaim the Block и The Bail Project.Ријана веќе е гласна на социјалните медиуми заедно со Опра, Тејлор Свифт и Бијонсе за ширење на свеста и за промена.