Рики Мартин повикува на борба за човековите права: Се соблече, па заигра со знамето на виножитото!

17 јуни, 20200
70945_USAarchiverickymartinap_1580187410121

Пејачот oд Порторико, Рики Мартин, зборуваше за својата сексуална ориентација пред 10 години, а на општо разочарување за припадниците на поубавиот пол, тој призна дека е геј. Рики Мартин живее во хармонична заедница со дванаесет години помладиот сликар Гван Јозеф, со кого има четири деца.

Со години се бори за правата на сексуалните малцинства, поточно ЛГБТ заедницата и честопати предупредува за важноста на неговиот јавен ангажман.

Во новиот пост на Инстаграм, Рики танцуваше гол до половина со знамето на виножитото.

  • Гласно и гордо! Морам да изразам благодарност до сите посветени активисти кои ни го отворија патот за нас, за да можеме да одиме без сопнување. Но, борбата не запира сè додека сме предмет на напад. Преземени се важни чекори, но бидете внимателни, многумина не се откажуваат од намерата да ни ги одземат правата што ги стекнавме“ – Истакна згодниот пејач, а неговата објава се сретна со масовни реакции од бројни обожаватели од целиот свет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *