Рита Ора во длабока болка: Доживеа голема загуба

16 јуни, 20200
Annotation 2020-06-16 161945

Teшка разделба

Светски популарната пејачка со албанско потекло 29-годишната Рита Ора во длабока болка се прости која неизмерно и значела во животот, својата баба.Тажната вест ја објави на инстаграм и и посвети сензитивни зборови. Баба си ја опиша како грижлива, силна и самостојна жена која имала голема улога во нивите животи.

‘Беше толку грижлива и силна, и толку смешна. Сакаше и се грижеше со целото свое срце. Ќе ми недостасуваш секој ден. Немој премногу да се забавуваш во рајот’, напиша Рита, меѓу останатото, со фотографија од починатата старица.  

Потсетуваме, познатата пејачка неодамна призна дека се грижи за својата мајка, Вера која продолжува да работи во првата линија во борбата против корона вирусот. Нејзината мајка работи како психијатар во британската Национална здравствена служба (NHS), а Рита постојано се грижи таа да не се зарази.  

‘Разговарам со неа секој ден, веројатно и два пати дневно. Сеуште сум загрижена за неа, но не можам да ја запрам. Мојата мајка е толку позитивна личност и дури низ сето ова го задржа позитивниот дух. Чувствува дека тоа е нејзина должност и одговорност. Инспирирачки е да ја видите како успева да спаси животи секој ден’, изјави Рита неодамна.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi