Ритуал кој ветува исполнување на секоја желба: Најважно е да направите една работа пред почеток.

19 мај, 2020
fantasy-41647341920-830x0

Како да побарате од универзумот да ви исполни желба? Запаметете само едно: универзумот реагира на енергијата која ја прима.

Сите имаме желби и тежнееме кон нешто, но проблемот е поинаков – не знаеме секогаш да ги преведеме во реалноста.

Уметноста на олицетворението исто така се нарекува и закон на привлечноста, а принципот кој стои позади него е едноставен – слично привлекува слично.

Пред се, треба да се сетите дека законот на привлечноста првенствено се однесува на енергијата и вашата способност да управувате со неа.

Кога ќе побарате нешто од универзумот, на нејасен, очаен или лаком начин, тогаш ќе привлечете само повеќе сомнежи, очај и лакомост во животот.

Ако својата моментална ситуација ја сметате за безнадежна и не гледате иднина пред себе, веројатно нема да го добиете она што го посакувате.

Немојте ни да пробувате желбите да ги претворите во реалност ако не можете да ја пренасочите енергијата во позитивна насока.

Ако барате од универзумот да исполни некоја ваша желба, правејќи го тоа премногу неодредено, можеби ќе ви одговори на повикот, но ќе го добиете баш она што не го сакате.

Кога барате помош од универзумот, мора да бидете исклучително јасни што посакувате и зошто.

Доколку праќате премногу оскудни или претпазливи идеи, немојте на ништо да се надевате. Верувајте му на универзумот, верувајте на своите најдлабоки мисли и тогаш ќе го добиете она што вистински ви е потребно.

Што треба да направите за желбата вистински да ви се исполни?

За да стигнете до тоа што го сакате, мора да си ја исполните душата со правата енергија. Очајот е лоша појдовна точка за почеток на остварување на желби.

Затоа, пронајдете мирна и ведра соба или било кое друго место на кое може да бидете сами. Опуштете го својот ум, смирете се, осеќајте се самоуверено и благодарно за се она што веќе го имате во животот. А кога тоа ќе се случи, прашајте го универзумот што сакате повеќе и најмногу од се, па изговорете го на глас.

Штом ќе го прашате универзумот што сакате, седете уште неколку минути, хранејќи се со позитивна и благодарна енергија. Замислете ги своите желби како веќе да се остварени. А тогаш, престанете да се држите за нив и верувајте дека универзумот ќе ви го исполни она што сте го побарале, порано или подоцна, на овој или на оној начин.

Пробајте помалку да се грижите околу тоа и верувајте. Можеби нема да се случи онака како што сте очекувале. Понекогаш се случува веднаш и да сфатиме дека тоа всушност е и подобро за нас.

Универзумот реагира на силата која ја прима. Запаметете го ова.