Роби Вилијамс потроши милиони на автомобили, а сè уште нема возачка дозвола

15 јуни, 2020
pxl_dpa_140618_20968937

На прашањето зошто сè уште нема возачка дозвола, Вилијамс одговорил дека за тоа, едноставно, никогаш немал интерес и дека најверојатно никогаш и нема да положи, се додека има кој да го вози.

Пејачот, честопати знаел немилосрдно да потроши многу пари, но како да го објасниме потегот на купување пет луксузни автомобили, а возачка дозвола нема ни на повидок?  

“Проблемот е во тоа што, во тоа време бев кај Елтон Џон и бев воодушевен од неговата гаража, во којашто имаше Ferrari, Aston Martin и уште неколку луксузни автомобили. Бев млад и тоа страшно многу ме импресионираше, уште истиот ден си купив пет автомобили за себе. По неколку денови, се прашував што ми требаше сето ова и за кратко време ги продадов” – раскажа Роби Вилијамс во едно свое интервју.