Родителите на Игор ја избришале Северина од Инстаграм

1 јуни, 20200
Screenshot_2020-05-31 Severinu ne prate ni Igorovi roditelji, obrisali i neke objave na kojima je bila ona

Северина на Инстаграм повеќе не ја пратат родителите на Игор, Оља и Драган Којиќ, откако од нивните профиле снемало неколку објави и фотографии со пеачката како и видеото од март на кое Северина ја чистела нивната семејна куќа.

„Снајка во време на корона“ – напишала на видеото Оља, на кое се гледа и Игор како лежи на кауч гледа ТВ. Од некаде се слуша и гласот на Кеба кој довикува: „Кој вели дека снашка не е вредна?“. Ова видео на Инстаграм повеќе не постои.

Драган Којиќ Кеба избришал и видео од минатата година во кое и дава подршка на Северина за борбата за старателство. „Злочин е и преседан после седум години да и ги одземете децата на мајката. И оваа „војна“ најмногу им штети на децата бидејќи кога ќе пораснат доволно лесно може да одлучат со кого и колку време ќе поминуваат. Ќе го реши тоа малиот Александар и набрзо ќе стане Голем Александар. Ја видов и осетив мудроста во неговите искрени детски очи.“ напишал тогаш покрај видеото кое веќе не постои на Инстаграм.

Фотографијата пак од учеството во шоуто ТЛМЗП на кој позира како Северина се уште може да се најде на неговиот профил, а не го избришал и видеото каде на настапот ја пее песна на Северина „Unapred Gotovo“.

https://www.instagram.com/p/Bx7RsDfAoRn/?utm_source=ig_web_copy_link

На профилот на Оља може да се пронајде само една фотографија со Игор и Северина од 2018 година.

На профилот на Северина сеуште има објави со семејството Којиќ, но некои избришала како што е фотографијата со Драгана и Оља, „Драган и Оља, најдобри свекор и свекра на светот. Денес не однесоа на ручек. Мојата фамилија во светот на неизвесноста, љубовта и подршката“, напишала на фотографијата која веќе ја нема на Инстаграм.

„Го почитувам изборот на Игор, а колку што можев да видам до сега, Северина е прекрасна личност и што е најважно добар човек. Секогаш гласам за љубов, и секогаш сакав моите деца да имаат партнер и врска како што имавме јас и Драган. Верувам дека им бевме добар пример“ зборувала Оља Којиќ во 2015 година за Северина.

Сестрата на Игор, Наташа е единствена од семејството Којиќ која ја следи Северина на Инстаграм.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *