Розеви фламинга одлично се забавуваат за време на карантинот во Мумбаи!

19 мај, 20200
фламинга

Мерките за карантин заради коронавирусот драстично ја намали човечката активност, па така фламингата ја презеле ситуацијата. Во споредба со 2019 година, се проценува дека дури 25 проценти повеќе фламинга се населиле во областа околу Мумбаи оваа година!

Директорот на националното историско здружение вели дека како причина за зголемениот број на фламинга е успешното одгледување уште од пред дце години, но карантинот овој период им дава повеќе мир за парење, за наоѓање на храна, и генерално за поттикнување на нивниот хабитат.

Постоеле планови за изградба на голф терени во областа Navi Mumbai, но националното историско здружение предложува наместо терени за голф да се направи посебна област за фламинга каде што ќе бидат заштитени од урбаниот хаос и човечка активност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *