Рускиот милијардер ја тужеше Наоми: Му должи поголема сума пари!

7 септември, 2020
pjimage_Hqdcytm

Кембел и Владислав беа во врска од 2008 до 2013 година. Во тоа време тој ја опсипуваше со подароци и ја носеше на луксузни крстарења со приватна јахта, а тие често престојуваа во неговата вила на приватниот остров Клеопатра во Турција.

Манекенката Наоми Кембел (50) беше тужена од нејзиното поранешно момче, рускиот бизнисмен Владислав Доронин (57), бидејќи не му вратила поголема сума пари што ѝ ги позајмил за време на нивната врска, пишува Инсајдер.

Владислав покрена тужба од еден милион долари против супермоделот, тврдејќи дека одбива да му ги врати парите, а точната сума засега не е позната.

Рускиот бизнисмен тврди дека покрај парите, Наоми не сака да врати дел од неговите работи во вредност од околу три милиони долари. Доронин го изгради своето богатство на недвижен имот, а денес е сопственик и извршен директор на „Aman Resort“. Причината зошто Доронин ги бара своите пари и скапоцености по седум години не е позната.

Кембел и Владислав беа во врска од 2008 до 2013 година. Во тоа време тој ја опсипуваше со подароци и ја носеше на луксузни крстарења со приватна јахта, а тие често престојуваа во неговата вила на приватниот остров Клеопатра во Турција.

Моделот сè уште не објави за новонастанатата ситуација во медиумите. Но, ова не е првпат таа да се најде во центарот на скандалот. Зад себе има неколку инциденти, вклучително и напад врз папараци кој се обидел да ја сними додека била на одмор на Сицилија со Доронин. Со чанта го удрила по главата и му го изгребала окото, за што ѝ била изречена условна казна затвор во траење од шест месеци.

escort - Korsan taksi