Сѐ УШТЕ ЈА САКА- Бред Пит ја остави новата девојка?

29 септември, 2020
profimedia-0363423644

Новата врска ја потврди и тој самиот

Иако неодамна призна дека е среќен во новата врска со 27-годишната германска манекенка Никол Потуралски и дека конечно се чувствува сакано, се чини дека 56-годишниот актер Бред Пит сепак се грижи повеќе за својата стара љубов. За обожавателите, тешко преболениот брак со 51-годишната актерка Џенифер Анистон би можел повторно да оживее, затоа што, ако му се верува на порталот „Entertainment Times“, поранешните сопружници, наводно, се повторно во врска

Имено, според последните гласини, Бред во неодамнешното интервју за странски медиуми откри дека повторно се бакнува со привлечна 51-годишна жена, поради што реши да раскине со младата убавица. И покрај фактот дека се чинеше дека во љубовта на актерот и 30 години помладата девојка „цветаат рози“, се чини дека Џенифер сепак успеа во намерата да го освои својот поранешен сопруг Бред.

Откако врските со неговата последна поранешна сопруга, 45-годишната актерка Анџелина Џоли, драстично се влошија, Бред стануваше сè поинтимен со Џенифер. На последниот состанок преку веб-камера, на многумина, тогаш присутни, колеги актери им стана јасно дека сè уште постои силна хемија меѓу нив. Се чини дека овој пат тие самите тоа го сфатија, поради што повеќе не ја негираат својата љубов, пишува споменатиот портал.

Според извештаите на странските медиуми, блиските пријатели на двојката веќе извесно време знаат за романсата меѓу нив двајцата: „Сега кога конечно се повторно заедно, веќе го планираат својот следен чекор во врската“, изјави извор за странскиот портал. „Од една страна, тие дури сега ми изгледаат посреќни отколку кога беа помлади и во брак“, додаде изворот.

Патем, по разводот во 2005 година, Џенифер и Бред останаа во добри односи. И покрај фактот дека, поради новиот брак на со Анџелина, тие се одалечија, се чини дека едвај чекаа нова можност да ги обноват страстите, пишуваат странските медиуми.

escort - Korsan taksi