Саботирано сослушувањето за старателството на Бритни Спирс – судијата е фрустириран по онлајн нападот!

25 јули, 20200
britni

Сослушувањето за старателството над Бритни Спирс (38) кој треба да го има нејзиниот татко Џејми Спирс (68) беше саботирано од странци кои упаднале на онлајн судењето на апликацијата „Зум“ и одбиле да ја напуштат дигиталната судница, иако биле судијата им наредил да „излезат од разговорот“. Целата постапка е одложена за наредниот месец. Инаку на сослушувањето двете страни требаше да изнесат нови детали за случајот.

Иако пејачката е незадоволна од сето она што се случува, извори блиски до неа откриваат дека од нејзина страна не се направени никакви законски обиди за промена на ситуацијата.Таткото на Бритни, Џејми, е старател на пејачката веќе 12 години, бидејќи во 2007 година имаше нервен слом во јавност во кој целосно ја исече својата коса.

Победничката на Греми требаше да се појави на онлајн сослушувањето, но таа не беше присутна, додаваат изворите. Само нејзиниот татко Џејми и мајка Лин присуствуваа.

Џејми побара од судијата деталите за овој процес да бидат недостапни за пошироката јавност а тоа барање беше исполнето на 12 март, кога избувна пандемијата на корона вирусот. Судот го одобрува заклучувањето на овој случај за јавноста- напишано е во судските документи.

Членови на движењето #FreeBritney, кое има за цел да ја ослободи пејачката од старателството на нејзиниот татко, се собраа како поддршка на пејачката и носеа заштитна маска со натписот „Ослободете ја Бритни!“ на нивните лица, како и разни транспаренти со зборови за поддршка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *