Сама си го дизајнираше својот луксузен стан, но на никого не му се допадна! – „Хостел за студенти!”

29 јули, 20200
gigi

Американската манекенка, 25-годишната Џиџи Хадид во последните месеци се повлече од очите на јавноста затоа што очекува дете со своето долгогодишно момче, 27-годишниот музичар Зејн Малик , поранешен член на групата One Direction. Иако раскинуваа неколку пати во текот на пет години, се чини дека бебето на крај ги смири и конечно се среќни. Џиџи дури и најде време самостојно да го дизајнира нивниот луксузен стан во Њујорк, а се пофали со резултатот од нејзината креативност на Инстаграм, објавувајќи серија фотографии. Сепак, на многу следбеници и обожаватели не им се допадна нејзиниот стил и вкус, а поголемиот дел од коментарите беа дека станот изгледа „невкусно“.

Во станот навистина доминираат шарени обрасци, од позадина, теписи, слики, а има и едно огромно жолто пенкало што моделот го стави во аголот на една просторија.

„Возбудена сум за времето што ќе го поминувам уживајќи во овие посебни катчиња направени со помош од моите омилени креативци кои ги прифатија моите идеи и не ме нарекоа луда“, напиша Џиџи покрај фотографиите. Таа работеше на проектот една година, а сето тоа беше завршено пред да започне карантинот, кој го помина со Зејн и сестрата Бела Хадид на семејната фарма. Таа таму го прослави и својот 25-ти роденден, а во таа пригода откри дека го очекува своето прво дете.

Но, манекенката секако не се надеваше дека лавина критики за нејзината работа ќе паднат на социјалните мрежи, со само неколку комплименти. На многумина не им се допадна натрупаноста на боите во станот. „Жал ми е Џиџи, но да потрошиш толку многу пари и да направиш од луксузен стан студентски хостел, е доказ дека парите не купуваат добар вкус“, беше еден од многуте слични коментари.

За потсетување, Џиџи неодамна објасни во видео на Инстаграм зошто ја криеше бременоста подолго време од јавноста. Во видеото, таа рече дека во моментов сака да ги поддржува сегашните ситуации во светот и дека социјалните мрежи треба да се употребуваат за да се обезбеди меѓусебна поддршка. За да се фокусира на корона вирусот и протестите на Афроамериканците за нивните права, таа одлучи да ја прикрие бременоста и да не го „нарушува“ светот со тие информации. “Не сакам да се грижам дали сум симпатична и дали треба да објавувам нешто секој ден. Имам семејство и пријатели со кои споделувам сè”, рече таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi