Самата Ратајковски објави фотографии направени кога наводно била сексуално злоставувана

18 септември, 2020
439f4ff5-e174-43ee-a417-b9096c78dc1d

Во есејот што го напиша за „New York Magazine“, Емили Ратајковски го обвини фотографот Џонатан Ледер за сексуален напад врз неа во 2012 година во неговиот дом во Катскилс.

Како што објасни, за фотографирање на фотографиите кои завршија во магазинот „Darius“ никогаш не била платена, а позирала во долна облека и гола. Фотографиите беа објавени од Ледер во книгата Leder/Ratаjkowski Collector’s Edition од 2016 година.

Таа самата ги објави на Инстаграм во 2013 година и никогаш не ги отстрани.

“Секогаш е забавно да се гледа неговата работа во печатена форма. Џонатан Ледер за магазинот Darius”, напиша таа.

 Емили Ратајковски го обвини фотографот: Се сеќавам на неговите прсти во мене, болеше.

Според Емили, агентот ја испратил на неплатено снимање за магазинот „Darius“ во домот на Ледер, а било планирано таа да ја помине ноќта таму.

Кога дошла кај Ледер, Ратајковски дознала дека ќе позира во долна облека, а за да изгледа зрело, прифатила чаша црвено вино што и ја понудил фотографот.

„Тие ме научија дека е важно да изгледам внимателно и опуштено. Агентот постојано ми велеше:„Никогаш не знаеш со кого ќе снимаш после тоа””, напишала Ратајковски.

View this post on Instagram

Just dropping in

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

По снимањето во долна облека, фотографот, наводно, и рекол: „Ајде да пробаме сега без облека“.

“Само што соблеков, дел од мене згасна. Почнав да лебдам над себе, гледав како се враќам на кревет. Го свиткав грбот, ги испакнав усните, размислував како гледав на камера. Блесоците беа толку силни,а пиев толку многу вино, што црните дамки пред моите очи беа поголеми“, напиша таа.

Кога шминкерот заспа, Ратајковски признава дека се чувствувала многу будна, но и „многу, многу пијана“. Таа и Ледер се покриле со ќебе на каучот, тврдејќи дека тој потоа започнал да ја испрашува за нејзините момчиња и ја гледал како ги трие нозете за да се стопли.

“Рече дека му се допаѓа тоа што го правам со нозете, јас јасно го паметам тој момент. Мразев што тој коментираше за нешто што го правев за да се утешам. Повеќето од она подоцна ми е во магла, освен за тоа како се чувствував. Не се сеќавам се бакнувањето, но се сеќавам на неговите прсти одеднаш во мене. Беше сѐ посилно и посилно, тој ги туркаше и туркаше како никој никогаш претходно да не ме допрел, ниту од тогаш. Ја почувствував мојата форма, сите испакнатини и навистина ме болеше. Инстинктивно го зграпчив и извлеков од себе. Не реков ништо. Стана и замина по скалите во темницата“, напиша таа.

View this post on Instagram

monday💤

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

Ратајковски тврди дека ниту Ледер ниту „Imperial Publishing“ немале право да ги користат тие фотографии во книгата.

Ледер исто така негираше сè, велејќи дека нејзините обвинувања се „премногу ефтини и детски“.

“Дали сте свесни за кого зборуваме? Таа девојка во тоа време беше гола во магазинот„ Treats”! И скокаше гола во спотот на Робин Тик. Вие навистина сакате некој да верува дека таа е жртвата?” изјави тој за „New York Magazine“.

Неговиот портпарол тврди дека Ратајковски знае дека нема законска основа да се запре објавувањето на фотографиите и затоа го обвинилa за сексуално злоставување.

escort - Korsan taksi