Само 31 сантиметар. Знаете ли каде се наоѓа најтесната улица на светот?

17 мај, 20200
61884765-najuza-ulica-na-svijetu-njemacka

Spreuerhofstrasse, која се наоѓа во германскиот град Reutlingenu, е најтесната улица на светот. Или барем така тврди Гинисовата книга на рекорди во 2006 година.

Станува збор за тесен премин помеѓу две згради во овој град лоциран во Baden-Württemberg, каде најтесниот дел е широк дури 31 сантиметар. На најширокиот дел улицата има 50 сантиметри додека пак просекот на ширината на улицата е 40 сантиметри.

Spreuerhofstrasse е долга 3,8 метри и по неа навистина не е лесно да се помине. Не само што е тесна, туку е и доста ниска, па локалците тврдат дека мора да се наведнат кога по неа проаѓа човек што е повисок од 180 сантиметри.

Посебно е предизвикувачка кога врне а водата почнува да се слива на главата на минувачот од околните кровови.

Иако во оваа улица нема многу што да се види, таа претставува голема туристичка атракција и мамец за фотографирање. Reutlingen инаку е студентски град во кој живеат повеќе од 100.000 жители.

Една од најтесните улици на светот се наоѓа и во нашето соседство односно на островот Крк. Улицата “Klančić” во Врбник има околу 40 сантиметри ширина во својот најтесен дел. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi