Само дел од ова видео пред два месеци ја шокираше нацијата: сега е објавено целото видео кое носи моќна порака!

27 мај, 20200
били

Американската пејачка Били Ајлиш објавила моќна видео порака на YouTube во која се соблекува и зборува дека повеќе не се срами од своето тело. Комплетното видео решила да го пушти откако пред два месеци ја шокирала нацијата со делови од видеото.

Во видеото кое вчера го објавила таа се соблекува по градник додека зборува за нездравите коментари од нејзините следбеници поврзани со нејзиното тело. Видеото за неколку часа достигнало гледаност од 2,3 милиони прегледи.

Били Ајлиш има различно сфаќање за своето тело и за тоа како мажите го дефинираат. Наместо да се разголува таа најчесто е облечена во тренерки, дуксери и широки маици, за да може нејзиниот глас да биде во прв план.

Таа секогаш зборувала за тоа дека не и се допаѓа што жените од јавната сцена се само сексуални објекти.

Кога пред неколку години кога била малолетна објавила видео каде што е облечена во краток топ, добила многу сексуални коментари, таа многу се вознемирила и подоцна доживеала трауми. Таа никогаш не се облекувала провокативно и никогаш не објавила фотографии од неа во костим за капење бидејќи се плашела дека повторно ќе добие невкусни коментари.

Со новото видео Били сака да покаже дека е зрела жена, дека нема комплекси и дека не се плаши од својата сексуалност која во иднина ќе ја покажува доколку сака.

-Вашето мислење не е моја одговорност- заклучила младата пејачка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi