„Само ние двајцата“: Јелена Јованова рамо до рамо со Бред Пит (ФОТО)

9 септември, 2020
gettyimages-135016844-1024x1024

Нашата позната актерка со хрватска адреса, Јелена Јованова, или периодов кај повеќето попозната како рецепционерката Јелена од Драчево, веќе и недостасува на македонската публика по завршувањето на 4-та сезона „Преспав“.

По повод крајот и на ова продолжение од популарниот македонски ситком, Јелена се обрати на својот Инстаграм.

„Сите приказни доаѓаат до крајот. Ви благодарам на сите што бевте тука за нас, што не поддржавте, споделувавте вашето мислење, што не сакавте! Благодарам што бевте најдобрата публика. До следниот пат!“ – пишува Јелена.

Но, за Јелена ретко има пауза од работа, бидејќи таа успешно ја гради својата кариера и пошироко од регионот. За потсетување, таа во 2011 година ја доби улогата на Есма во филмот „Во земајата на крвта и медот“, кој го режираше Анџелина Џоли. Во таа прилика и за оваа значајна улога, Јованова се спријатели со Џоли, а своевремено изјави дека се уште е во контакт со неа.

Со Анџелина се гледаа непосредно, а со Бред Пит се рамо до рамо. До душа, само на различни крстозбори на иста трафика.

Имено, актерката на својот Инстаграм објави фотографија на која се заедно со холивудскиот актер, таа на сканди, тој на судоку.

„Само ние двајцата“ – пишува Јелена во описот на објавата.

Како што тргнала, ако веќе успеа да работи заедно со Анџелина Џоли, зошто да не и со Бред Пит, па од сканди и судоку да преминат и на филмски сет.