Сара Џесика Паркер беше заљубена во најубавиот Кенеди: „Носеше палто од визон, високи потпетици и-ништо повеќе!“

5 ноември, 2020
233159_untitled1_ls

Љубовната приказна за стилската икона и најпознатата њујорчанка на Светот, Сара Џесика Паркер (55) и покојниот адвокат, публицист и прв син на Џон Ф. Кенеди и Џеки Кенеди – Џон Ф. Кенеди Јуниор.

Според „New York Times“, Сара Џесика Паркер и Џон Кенеди Јуниор најпрво се сретнале во театарот. Сара Џесика, наводно, истата вечер се јавила на својата пријателка која на списанието „People“ му открила што ѝ рекла таа вечер: „Ми се јави и врескаше!“

– Нема да веруваш кој ме покани да излеземе! – со воодушевување рече sвездата од серијата „Сексот и градот“.

Сара Џесика Паркер штотуку излегуваше од седумгодишна врска со Роберт Дауни Jуниор во тоа време, па Кенеди, тогашниот „принц на Америка“, беше голема причина да ја победи тагата за неговата бивша.

Џон Кенеди Jуниор беше познат женкар – тој се дружеше со разни жени од А листата – од Мадона до Синди Крафорд, но и долга бурна врска со убавата Дерил Хан.

Славниот фотограф Кристофер Андерсон откри во својата книга кога првпат ги видел Сара Џсика Паркер и Кенеди заедно. Тоа се случи за време на модната недела во New York кога Кенеди се враќаше од Лос Анџелес. Кенеди слета на аеродромот во New York  – ЈФК, а таму го чекаше таа.

– Таа носеше палто од визон, високи потпетици и – ништо повеќе.

Тие се забавуваа цели шест месеци, а Сара Џесика Паркер еднаш ја нарече врската „фијаско“. Вниманието на медиумите беше неподносливо, а Сара во тоа време не беше ни започнала да ја снима серијата „Сексот и градот“.

„Одевме во ресторани каде мислевме дека сме целосно сами, а следниот ден нашите фотографии ќе се најдат во таблоидните магазини“, изјави Сара за „New York Times“.

– Јас во тоа време бев едвај позната личност, но не знаев што е слава сè додека не го запознав Џон. Тој е прекрасен човек, но Господи, се чувствувам како да треба да се извинам што се забавував со него. Таа врска станав јас, и тоа е патетично. Кога ќе умрам, ќе речат: „О, да, Сара еднаш се забавуваше со Кенеди“. Тоа, се разбира, беше пред Кери Бредшо.

Според биографијата на Андерсон, двојката се разведе делумно затоа што тој изгледаше многу добро. „Она што го имаш не е во ред“, се пошегува Сара еднаш со него. “Едноставно не е фер. Не е фер кон мене, не е лесно да се застане до тебе”.

Сара Џесика Паркер ретко зборуваше за оваа врска до денес. Последен пат одговори на прашањето на водителка во 2016 година, која ја праша како се бакнува Кенеди. Таа одговори: „Беше пријатно.“ Па продолжи: „Тој имаше многу убава коса, многу густа – како четка“.

Иако не кажа ниту еден збор кога Џон Кенеди Јуниор имаше авионска несреќа во 1999 година, извори блиски до актерката изјавија дека таа е очајна.

Наскоро по разделбата со Кенеди, Сара започна врска со нејзиниот сегашен сопруг – Метју Бродерик, со кого има три деца.

Џон Кенеди Јуниор го загуби животот во авионска несреќа. Неговата сопруга Каролин Бисет беше со него, како и нејзината сестра. Џон управувал со авионот, а по несреќата нивните тела, како и авионот не можеле да се најдат цели пет дена. Џон Ф. Кенеди Јуниор во тоа време имал само 38 години.