Сара Џесика Паркер има причина за славење!

20 мај, 20200
сара

Актерката Сара Џесика Паркер ги разнежнила сите, а веројатно и сопругот Метју Бродерик кога објавила на Инстаграм фотографија од нив двајца стара 23 години.

Ѕвездата од серијата “Sex and the City ” оваа година слави цели 23 години заеднички живот со актерот Метју Бродерик, со кој имаат три деца.

View this post on Instagram

May 19th, 2020 23 years. We've come a long way baby. X, SJ

A post shared by SJP (@sarahjessicaparker) on

Парот живее во Њујорк во голем стан и за разлика од останатите холивудски ѕвезди, води нормален живот. Сара Џесика Паркер често може да се види како ги шета ќерките во парк, или како пазари на пазар.

За време на пандемијата парот е затворен во станот, а деновите им поминуваат во готвење и во играње друштвени игри заедно со децата.

Се чини дека жената која се прослави со гламурозното облекување на филмското платно, живее обичен живот далеку од сјајот на Холивуд.

А еве како почна нивната љубовна приказна:

Сара Џесика Паркер имаше голема јавна и бурна врска со Роберт Дауни Џуниор, кој во тоа време постојано беше под дејство на дрога. Сара не можела да одржи нормална врска со познатиот актер, па во 1991 ја раскинува бурната врска и го запознава Метју Бродерик . Тие почнуваат да излегуваат заедно. Метју бил воодушевен од нејзината убавина, а Сара од неговата смисла за хумор.

Се забавувале цели седум години, а потоа во 1997 година се венчале во најголема тајност.

Дури по пет години од бракот, во 2002 година им се родил синот Џејмс, а седум години по него, во 2009 година ги добиле и близначките Марлон и Табита со помош на сурогат мајка.

За успехот на нивниот брак тие велат дека најважно е тоа што секогаш го држеле приватниот живот далеку од јавноста, но и тоа што тие двајца се пред се пријатели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi