Се бори со анксиозност – Кејт престана да јаде!

29 јули, 20200
kejt anksioznost

За преголемото слабеење на Кејт Мидлтон се пишува со години. Иако 38-годишната сопруга на принцот Вилијам отсекогаш можеше да се пофали со витка линија, во последните години истите медиуми честопати тоа го поврзуваат со наводните проблеми во бракот, но и проблемите со нејзината снаа, 38-годишната Меган Маркл. Значи, според најновите списи на магазинот „Star“, токму Меган е таа што е виновна за анксиозноста на Кејт, што ја натерало дури и да престане да јаде.

Kate Middletone

„Кејт смета дека е тешко да се поднесе целата оваа ситуација и секој пат кога ќе биде под стрес, прибегнува кон изгладнување. Сепак, овој пат Меган претера, ја донесе Кејт на работ, заради неа таа стана анксиозна. Вилијам е многу приврзан со неа, тој дури побара и помош од Хари, но тој самиот му призна дека нема контрола врз однесувањето на Меган“, изјави неименуван извор за споменатите медиуми.

Meghan Markle Kate Middleton

Исто така, истиот извор додаде дека Кејт е вознемирена поради фактот што Меган воопшто не ја почитува, а тоа е најмалку што очекувала од сопругата на принцот Хари со која со години негува многу добра врска. Патем, неодамна странските медиуми исто така пишуваа дека Кејт губи тежина поради бројните обврски и работата што и паднала на грб откако војвотката и војводата од Сасекс решиле да ја напуштат Велика Британија и да ја бараат среќата во Америка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *