Сè е скапо на неа: Карлеуша блескаше за нејзиниот роденден, a еве КОЛКУ ЧИНЕШЕ нејзиниот стајлинг! (ФОТО)

20 август, 2020
Jelena-Karleuša

Јелена Карлеуша, која го прослави 42-от роденден пред три дена во дворот на нејзината вила во Дедиње, беше домаќин на голем број на познати личности на нејзината забава.

Сепак, таа беше ѕвездата на вечерта, и поради роденденот и затоа што изгледаше одлично.

За нејзиниот стајлинг се зборуваше со денови, а сега откриваме колку ја чинеше пејачката таа вечер.

View this post on Instagram

JK

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

Најголемо внимание привлече декорацијата на главата во форма на крила, која беше дизајнирана од босански дизајнер, и која чини 100 евра.

Долгиот бел фустан со деколте во пределот на стомакот, грбот, нозете и рамената е дело на австралиски дизајнер, на чија официјална веб-страница се продава за 660 долари (околу 557 евра).