СЕ ФОТОГРАФИРААТ ВО ДОЛЕН ВЕШ ПОД ЗАШТИТНИТЕ ОДЕЛА ВО ЗНАК НА ПОДДРШКА ЗА МЕДИЦИНСКАТА СЕСТРА ОД РУСИЈА:

26 мај, 2020
dolen ves

Медицинската сестра Надежда Жукова, која е фотографирана во ковид болницата во Тула, само во бикини под заштитното одело, против која е започната дисциплинска постапка, доби поддршка од жителите на рускиот град Самара, кои се фотографираа во долен веш, исто како неа.

Жителите на градот Самара направија “флешмоб” перформанс во знак на поддршка за медицинската сестра во бикини, така што облекоа заштитно одело какво што носат здравствените работници, се фотографираа и сликите ги проследија на социјалните мрежи.

Тие велат дека сакале да ја поддржат Надежда Жукова, но и да испробаат како е да се работи во заштитно одело.

Кога нејзината фотографија се појави во јавноста, против неа беше започната дисциплинска постапка, но таа сепак нема да биде казнета, бидејќи доби огромна поддршка.