Се ожени со ПВЦ кукла, па тагува: „Не можам да го прославам Божиќ со сопругата затоа што ѝ се скршени деловите…“

24 декември, 2020
80404125-458897764799537-7047700849755078426-n

Нивните заеднички фотографии често ги објавува на социјалните мрежи. Јури покажува како ја храни својата избраничка, спие со неа, вежба, се сонча …

Актерот и боди-билдер Јури Толочке, познат во јавноста како човекот кој се ожени со пластична кукла, вели дека минува низ тешки времиња. Имено, само неколку дена пред Божиќ, неговата сопруга беше „повредена“.

Ова требаше да биде првиот Божиќ, кој младата двојка ќе го помине заедно, но сега актерот е загрижен со оглед на тоа што постои можност некои делови да не бидат поправени до Божиќ. Бројни следбеници коментираат дека се надеваат дека сè ќе биде во ред со неговата сопруга.

Бодибилдерот ја запроси Марго кон крајот на минатата година и тие требаше да се венчаат во март, но ја одложија венчавката за ноември поради пандемија на корона вирусот.

Тие се во врска веќе една година, откако ја спаси од друг маж во кафуле со, како што вели, помалку искрени намери.

Нивните заеднички фотографии често ги објавува на социјалните мрежи. Јури покажува како ја храни својата избраничка, спие со неа, вежба, се сонча…

Марго има и профил на Instagram, таа е попопуларна од сопругот, но не му пречи.

Инаку, тој ја носи на гостувања во многу емисии, шетаат заедно, одат на вечери … Иако за многу луѓе ваквата врска е неприродна, Јури ги игнорира негативните коментари и ужива да биде со необичната партнерка.