Се појавија сините змејови: ситни, но опсани за луѓето!

11 мај, 2020
знај

Сините змејови, или “glaucus atlanticus”, се мали морски полжави, со просечна големина од 3 сантиметри. Иако тоа не се летечки огнени суштества како што сугерира нивното име, тие претставуваат ретко откритие. Можат да се најдат во Атлантски, Тихи и Индиски Океан .

Тие повторно се појавиле, иако претходно со години не биле забележани.

Но иако не се ниту приближно големи колку змејовите, тие сепак се опасни.

Сините змејови се хранат со португалски крстарици кои изгледаат како големи медузи, па ги чуваат убодните клетки од пленот за да ги искористат подоцна.

Па така, кога луѓето ќе ги допрат овие мали полжави , тие можат да нанесат повреди поболни и од самите крстарици.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=32&v=iDARekObWl8&feature=emb_logo