Се поради една жена – славниот актер ја напушта Скиентолошката црква?

22 јули, 20200
crkva

Откако светот минатата недела беше потресен од веста дека американската актерка Кели Престон, позната и како сопруга на славниот Џон Траволта, почина на 58-годишна возраст, по двегодишна битка со карцином на дојка, во магазинот „Touch“ сега се пишува дека нејзината смрт ја разниша верата на нејзиниот сопруг и дека тој во моментов размислува да ја напушти Црквата на Скиентологијата за која е долгогодишен член.

John Travolta

Имено, иако е покрај  Том Круз, еден од најпознатите членови на оваа заедница, се чини дека загубата на саканата сопруга остави многу поголем белег на актерот отколку што се сметаше порано. ‘Тој ќе одмори од сè и ќе посвети одредено време само на децата. Црквата на Скиентологијата е многу загрижена за ова затоа што тие се плашат дека тој би можел да им се „лизне“ од рацете. Смртта на Кели остави големи последици врз него и можеби ја разниша неговата вера “, изјавил неименуван извор за медиумите.

Патем, актерот е член на споменатата заедница уште од 1975 година, а неговата покојна сопруга беше во истата заедница. Иако многумина сметаа дека ненадејната смрт на нивниот 16-годишен син Џет во 2009 година ќе биде причина за нивно напуштање на Скиентологијата, и двајцата останале верни членови на истата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *