Се прашувате какво расположение има соговорникот под неговата маска? Ова ќе Ви помогне да препознаете

5 август, 2020
shutterstock_1718439448

Опсег од весели до лути изрази на лицето кои можат да се препознаат само врз основа на очите и горниот дел од лицето

Со маски за лице, кои сега се задолжителни во продавниците и јавниот превоз, интеракцијата со луѓето стана малку покомплексна. Маските не само што го отежнуваат слушањето на она што го зборуваат луѓето, туку исто така можат да го отежнат препознавањето на нивното расположение.

Научете да читате од очите

Тим од „Uncrowd“ изработи корисна шема што покажува како изгледаат 32 различни расположенија со маска на лицето. Опсегот е од весели до лути изрази на лицето кои можат да се препознаат само врз основа на очите и горниот дел од  лицето.

„Добрите трговци ги читаат своите клиенти како книга, но ако устата е скриена зад маска, малку е потешко да се утврди што мислат и чувствуваат. Нашиот брз водич треба да ви помогне да го препознаете расположението на клиентите “, изјави Ричард Хамонд од „Uncrowd“ за „Mirror“